Top Sport

Мурињо му врати на Озил: Кој му кажал дека го сакаме?

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо беше вообичаено брутален во одговорот на Месут Озил дека побргу би одбрал да оди во пензија, отколку да заигра за Тотенхем.

И покрај тоа што исклучен од тимот на Арсенал од март, Озил останува лојален на „топчиите“, но кога Мурињо беше запрашан за таа изјава, беше брутален.

„Кој му кажа дека Тотенхем се заинтересирани за него?“, беше одговорот на „Специјалниот“.

32-годишниот Озил на вчерашната Твитер сесија призна дека најмногу го сака Фенербахче, клуб за кој навивал како дете во Германија, но додаде дека има и опција да оди во МЛС. Мурињо и Озил се познаваат добро, бидејќи двајцата беа во Реал Мадрид од 2010 до 2013 година.

Scroll to Top