Top Sport

Мурињо на шега најави потпис на Крауч, овој му одговори: Подготвен сум, Жозе!

Питер Крауч му порача на Жозе Мурињо дека е подготвен да се врати во Тотенхем, откако менаџерот на шега одговори дека Крауч е вистинскиот човек за замена за повредениот Хеунг-Мин Сон.

Тотенхем се наоѓа во криза со напаѓачи, откако Хери Кејн е во аут подолго време (најверојатно до крајот на сезоната), а потоа и Сон ја скрши раката на последниот меч и мора да паузира подолго време. Мурињо беше запрашан за ситуацијата во Барселона, каде што Шпанската федерација им дозволи да потпишат договор со напаѓач по повредите на Усман Дембеле и Луис Суарез.

„Не сум свесен дека има таква опција, но ако е така, тогаш сигурно Питер Крауч“, изјави Мурињо.

Поранешниот англиски напаѓач Крауч, кој се повлече по крајот на минатата сезона со Барнли, бргу одговори на социјалните мрежи.

„Јас сум подготвен, Жозе“, напиша Крауч.

Scroll to Top