Португалскиот фудбалски стручњак, Жозе Мурињо повторно ужива во тениските мајстории на Вимблдон.
„Тоа е единствениот гренд-слем на кој сум бил, па не би можел да о споредувам со останатите“ – вели Португалецот кој во два мандати беше на чело на Челси (вкупно 5 години), па за време на престојот во Лондон имаше можност да ужива на терените каде се игра неофицијалното светско тениско првенство.
На прашањeто кој тенисер би бил добар фудбалер, Мурињо нема дилеми – Надал.
„Рафа е неверојатен. Со своите предиспозиции, и со менталитетот сигурен сум дека би бил голем фудбалер. Среќа што не е фудбалер затоа што многу направи за тенисот“ вели Мурињо.