Top Sport

Мурињо: Навивачите на Тотенхем не ме сакаат, само ме толерираат

Жозе Мурињо вели дека навивачите на тотенхем уште не го сакаат, туку само го толерираат, но се надева дека стартот со три победи во низа покажува дека се оди во вистински правец.

Мурињо беше именуван за тренер на клубот од северен Лондон откако решија да го отпуштат миленикот на публиката, Маурисио Почетино по пет и пол години, и тој започна со две победи во Премиер лигата и триумф над Олимпијакос во Лигата на шампионите.

„Фановите го сакаат клубот, не ме сакаат мене, туку само ме прифаќаат и ме толерираат како професионалец кој сака да даде многу на клубот. Луѓето ќе имаат причини да ме сакаат ако им се допаѓа мојата работа и работиме овој тим да е на место кое навистина го отсликува талентот на клубот“, вели Мурињо.

Спарси беа на 14. место под Почетино, но сега се на петтото место во Премиер лигата. Вистински тест за Тотенхем ќе дојде веќе во среда, кога тие патуваат на гостување кај поранешниот клуб на Мурињо, Манчестер јунајтед.

Scroll to Top