Жозе Мурињо инсистира дека не би го сменил Џовани Ло Селсо со новата ѕвезда на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, кој за малку минатата година ќе станеше фудбалер на Тотенхем.
Тотенхем преговараа со Спортинг Лисабон за трансферот на Фернандеш, но не можеа да се договорат за отштетата и потоа потпишаа договор за позајмица на 24-годишниот Ло Селсо од Реал Бетис.
25-годишниот Фернандеш, потоа, во јануари оваа година потпиша договор со Јунајтед за 55 милиони фунти, а Тотенхем истиот месец ја искористија опцијата и го направија трансферот на Ло Селсо постојан за 45 милиони фунти. Мурињо вели дека е презадоволен.
„Не знам дали Фернандеш требало да дојде во Тотенхем. Но, дури и да е вистина, тогаш би кажал дека не би го смени Ло Селсо за Бруно, ниту за никој друг фудбалер“, вели Мурињо за „Скај спортс“.