Жозе Мурињо одлучил да остане во Рома до крајот на нговиот договор во 2024 година, тврди „Кориере дело спорт“, ставајќи крај на надежите на Пари Сен-Жермен дека можат да го привлечат на крајот на сезоната.
60-годишниот Португалец интернационалната пауза ја поминал во Лондон со неговото семејство и таму решил дека ќе остане во Рим ддо крајот на договорот. Покрај ПСЖ, шпекулациите велеа дека Интер се подготвени да го вратат Португалецот на „Сан Сиро“ доколку Симоне Инзаги ја загуби работата.
Мурињо пристигна на „Олимпико“ во 2021 година и го предводеше клубот до првата европска титула минатата сезона со победа во Конференциската Лига Европа. Рома оваа сезона повторно се во игра за европски трофеј, пласирајќи се во четврт-финалето на Лига Европа и се на петтото место во Серија А со големи шанси за пласман во ЛШ.