Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо признава дека не му се допаѓа што ќе мора да пушти тројца свои фудбалери, вклучувајќи го и Герет Бејл да работат со тренерот на Арсенал, Алберт Стујвенберг во велшката репрезентација.
Стујвенберг е помошник на Микел Артета во Арсенал, но од 2018 година е дел од тимот на велшкиот селектор Рајан Гигс, кој ќе биде отсутен следните три меча на Велс по апсењето на Гигс и обвинението дека физички ја нападнал својата девојка. Роб Пејџ и Стујвенберг ќе бидат одговорни за репрезентацијата во која игра и тројката на Тотенхем: Бејл, Бен Дејвис и Џо Родон.
„Навистина е штета што Гигс не е одговорен за овие мечеви. Претходните мечеви разговаравме за Бен Дејвис и зборувавме за фудбалот. Сега, тоа нема да се случи. Еден од тренерите е тренер и на Арсенал и тоа не е убаво. Искрено, репрезентациите треба да имаат тренери кои работат ексклузивно за нив, а не и за другите клубови.
Легендата на Манчестер јунајтед, Гигс беше уапсен во неделата поради сомнежи за физичко насилство над својата девојка и нема да биде на клупата за мечевите со Финска и Ирска во Лигата на нации и пријателскиот меч со САД.