Фудбалерите на Тотенхем по триумфот кај Барнли се искачија на третото место на табелата во Премиер лигата. Тотенхем имаат два поени помалку од водечките Евертон и Ливерпул.
Добрите резултати на почетокот од сезоната ги зголемија апетитите кај фановите на клубот од северен Лондон. Тие се надеваат дека тимот ќе освои барем еден трофеј оваа сезона.
Тотенхем последниот трофеј го освоиле во 2008 година, кога славеа во ФА купот, додека последен пат шампиони на Англија биле во далечната 1961 година.
Во блиското минато, под водство на Маурисио Покетино, три пати во Премиер лигата завршуваа на третото место.
„Не сме во кругот на фаворит за шампионската титула“, рекол менаџерот Жозе Мурињо и дополнил.
„Знам дека имаме одличен тим и дека можеме да направиме нешто посебно. Меѓутоа се уште е рано да не ставаат меѓу фаворитите. Мораме да одиме чекор по чекор, натпревар по натпревар. Вакви победи, како што е оваа над Барнли од 1:0, многу значат за самодовербата на играчите“.