Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, овојпат, не беше критички настроен кон неговите фудбалери по 2:1 поразот од Лудогорец во првото коло на Лига Европа, оценувајќи дека направиле доволно за да избегнат пораз и потсетувајќи дека имаат уште пет меча во групната фаза да се докажат.
„Не би кажал дека имавме фантастичен меч, бидејќи тоа нема да биде вистина, но мислам дека направивме доволно да избегнеме пораз. Имавме шанси за гол, а по нивниот втор гол беше тешко во последните 15 минути. Изгледа дека работите одат наопаку во моментов. Наша среќа е што имаме уште пет меча да се опоравиме и да покажеме дека сме вредни. Но, наместо да почнеме со победа, сега има притисок“, вели Мурињо.
Во нивната група, Реал Бетис стигна до 2:0 победа на гости кај ХЈК Хелсинки, а во Лига Европа, само освојувачите на групите имаат директен пласман во осминафиналето, додека второпласираните ќе играат бараж со клубовите кои ќе испаднат од ЛШ.