Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо призна дека Ромелу Лукаку не го прослави голот против Вест Бром откако го видел својот менаџер на клупата и додаде дека престанал да ги слави головите.
Играчите на Манчестер сити се потсмеваа со Мурињо и Јунајтед преку видео по саботната победа од 4:1 над Тотенхем со извиците „Паркирај го автобусот, Манчестер јунајтед“. Јунајтед се намачија за 2:1 победа над Вест Бром, но остануваат 11 поени зад лидерите Сити.
Португалецот Мурињо, познат по лудото славење на головите со Челси и Порто, вели дека се откажал од прославување.
„Не прославував ниту јас, ниту Ромелу. Немаше посреќен од мене. Пред 15 години славев голови. Со зрелоста доаѓате на ниво во кое можете да ги контролирате своите емоции. Добивате поголем баланс и не полудувате кога ќе победите, не станувате депресивен кога ќе загубите. Некои други менаџери, тие се поинакви и не се менуваат. Да постигневме гол во 90-тата минута ќе трчав, но овојпат немаше причина. Играме понатаму“, вели Мурињо.
Тој не сакаше да одговори за видеото на играчите на Сити.
„Не го гледав тоа и навистина не сум заинтересиран. Самите заклучете си од нивото однесување“, додава Португалецот.