Top Sport

Мурињо: Овој пенал е навреда за секој друг пенал

Жозе Мурињо не го криел незадоволството по поразот на Тотенхем, од Арсенал (2.1), во дербиот на северен Лондон. Менаџерот на Тотенхем прстот го впери во судијата Мајкл Оливер. Португалецот смета дека, Оливер, не требало да досуди пенал за Арсенал во 64.минута.

Дејвисон Санчез, во 64.минута, имаше обид да го блокира Александар Лаказет. Напаѓачот на Арсенал заврши на тревата, а Оливер покажа на белата точка. Пеналот го реализираше Лаказет и го постави конечниот резултат.

„Таа ситуација не можам да ја наречам пенал, бидејќи тоа е навреда за пеналот. Оливер направи грешка. Играчите се уморни како одминува натпреварот, тренерите исто така, а можеби тоа им се случува на судиите. Моето искуство со Оливер, кога станува збор за пенали, низ мојот престој во Челси, Манчестер јунајтед и Тотенхем е многу несреќено“, рекол Мурињо.

Scroll to Top