Жозе Мурињо ги уверува навивачите на Рома дека сегашниот тим е „сосема поинаков“ од тој шт загуби со 6:1 од норвешкиот Бодо/Глимт во октомври и вети дека овојпат нема да бара оправдувања за вешачкиот терен на клубот пред мечот од Конференциската лига.
Првиот меч од четврт-финалето на Конференциската лига се игра во Норвешка во четврток, на истиот стадион каде што Рома доживеа понижувачки 6:1 пораз во групната фаза. Оттогаш норвешкиот клуб продолжи со неверојатниот поход, елиминирајќи ги и Селтик и АЗ Алкмар, додека Рома го елиминираше Витесе.
„Среќен сум што се вративме тука и се надевам дека ќе биде поинаку од првиот меч. Секогаш велев дека не ми се допаѓаат вештачките терени, бидејќи е поинаку кога се игра на трева. Но, овојпат нема изговори, имаме два меча и сакаме во полуфинале. Имаме респект за Бодо, бидејќи тие и на ‘Олимпико’ покажаа дека се голем тим. Имаме целосно поинаков тим од октомври, бидејќи сега дел од играчите не се туа, како Брајан Рејнолдс, Гонзало Вилјар и Борха Мајорал. Во октомври беше драматично, бидејќи 6:1 е повеќе од обичен пораз“, вели Мурињо.