Тренерот на тотенхем Жозе Мурињо во интервју за „Марка“ зборувал за животот во Лондон, кризата што ја предизвика коронавирусот и за периодот кога бил тренер на Реал Мадрид.
Мурињо на „Сантијаго Бернабеу“ пристигна во 2010 година веднаш по освојувањето на тројната круна о Интер. Ја освои титулата со Реал со рекордни 100 поени и 121 постигнати голови.
„Беше тоа одличен тим, дисциплиниран и секогаш мотивиран. Игравме со ист жар против Барселона и против помалите клубови. Немаше караници во тимот, тоа беше клучно за успехот“, рекол Мурињо.
Португалецот открил дека најтешкиот момент во кариерата го доживеал како тренер на Реал. Не може да ја заборави елиминацијата во полу-финалето во Лигата на шампионите од Баерн Минхен, во сезоната 2011/2012.
Баерн по изведувањето на пенали избори пласман во финалето.
„По тој меч прв и последен пат плачев во кариерата. Каранка и јас седевме во автомобилот пред нашиот дом и плачевме. Многу тешко ми падна тој пораз бидејќи бевме најдобриот тим во Европа таа сезона“, заклучил Мурињо.