Пред две години, Барселона и Баерн Минхен се бореа за потписот на Американецот Сержињо Дест. Барселона победи во таа трка, Дест од Ајакс се пресели на „Ноу Камп“, каде не ги исполни очекувањата.
Американецот, во зимскиот преоден рок требаше да го напушти клубот, но остана поради тоа што на таа позиција, Чави го има само ветеранот Дани Алвеш.
Гласни се најавите дека Дест во летниот преоден рок ќе замине од Барселона.
Веројатно за некаде 20.000.000 евра, тој ќе го смени клубот.
Голем интерес за неговите услуги покажал Жозе Мурињо, тренерот на Рома.
„Волчицата“, вчера го обезбеди првото засилување за наредната сезона. Жител на Рим ќе стане српскиот репрезентативец, Миле Свилар. Голманот од Бенфика ќе пристигна како слободен играч, од Рома ќе добие годишна плата од 1.500.000 евра.