Top Sport

Мурињо: Победи Клоп и неговата филозофија

Жозе Мурињо е воодушевен од начинот на кој Ливерпул ја елиминира Барселона во Лигата на шампионите. Португалецот во својот коментар упати низа комплименти за колегата Јирген Клоп.

„Оваа победа не е на Ливерпул, ова е победа на филозофијата на Јирген Клоп. Ова ја отсликува неговата работа, снагата на неговата личност, борбеноста на неговиот дух. Неговиот менталитет ова го заслужи“, рекол Мурињо.

Иако во минатото Мурињо не ретко го критикувал Клоп, тој по првиот меч и победата на Барселона 3:0, беше еден од ретките што веруваше во Ливерпул.

„Прво тука е Енфилд, тука на гостите многу тешко играат, сето тоа комбинирано со енергијата на Клоп и со пресингот. Барселона исто така им помогна, како го примија четвртиот гол, па тоа не го прават деца од 14 или 15 години. Поради ова треба да бидеме многу внимателни кога клубовите ги прогласуваме за најдобри во светот, бидејќи кога ќе видиш еден таков гол, тогаш ти е јасно дека имаат многу проблеми“, заклучил Мурињо.

Scroll to Top