Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, истакнал дека Пол Погба дошол среќен на клупските подготовки.
Погба, по освојувањето на светската титула со Франција од клубот доби продолжен одмор, а на подготвките се појавил во понеделникот.
Францускиот репрезентативец изминатите 10 дена се поврзуваше со трансфер во Барселона, а претходн медиумите пишуваа и за интересот на Јувентус за овој играч.
„Од моја перспектива Погба во понеделникот дојде среќен, горд и со голема желба“, рекол Мурињо.
„Тренираше добро во понеделникот, вторникот и средата. Меѓутоа допрва треба да разговарам со него. Треба да видиме како се чувствува физички и психички. Таков разговор ќе имам и со Јанг, Фелаини и Лингард. Треба да видиме дали тие се подготвени да ни помогнат против Лестер“, дополнил португалскиот стратег.