Top Sport

Мурињо: Поважна ми е Серија А, ама сакам трофеј и во Конференциска лига

Во сенка на Лигата на шампиони, вчера започна и новото натпреварување на УЕФА – Конференциската лига.

Во најмладото европско клупско натпреварување одиграни се два меча – Макаби Хаифа играше без голови против Феенорд, а Макаби Тел Авив на домашен терен ја совлада екипата на Алашкерт со 4-1.

Останатите дуели се играат утре, а меѓу учесниците се најдоа Тотенхем, Базел, Рен, Копенхаген, Унион Берлин и Рома.
Пред утрешното деби на „волчицата“ во ова натпреварување против ЦСКА Софија, стратегот Жозе Мурињо е претпазлив.

„Имаме 5 победи, не 50. Нема причина да бидеме позитивни и оптимистични. Навивачите мора да разберат дека работиме само 2 месеци, долг е процесот пред нас“ порача Мурињо.

Конференциската лига ќе биде можност Мурињо да им даде шанса на играчите со помала минутажа.

„Очигледно дека ќе изведам комбиниран тим. И во Конференциската лига сакаме нешто да направиме, но да одиме чекор по чекор. Секако дека би сакал да го освоиме ова натпреварување, но Серија А ми е поважна“ вели Мурињо.

Заедно со Рома и ЦСКА, во истата група се и норвешки Бодо и украинска Зорја.

Scroll to Top