Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо вели дека Пол Погба треба самиот да ја објасни својата лоша форма по која го загуби стартното место во тимот.
Погба, најскапиот играч на Јунајтед во историјата, има стартувано само четири од последните 11 натпревари на Јунајтед во сите натпреварувања, и Мурињо вели дека не му е јасно зошто доаѓаат овие проблеми, велејќи дека можеби Французинот знае.
„Прашајте го. Кога ќе добиете шанса, прашајте го што мисли за тоа?“, им порача тој на новинарите.
25-годишниот Погба го повреди бутниот мускул во септември, по што паузираше два месеци, но Мурињо вели дека тоа не е оправдување.
„Мислам дека нема никаква врска со неговата повреда, бидејќи периодот на опоравување беше добар. Оваа сезона и минатата сезона имаше лоша повреда, но мислам дека тоа не е главната причина“, додава Мурињо.
Фото: ЕПА