Top Sport

Мурињо признава дека бил мрзелив и напорен фудбалер и дека би се продал самиот себе

Жозе Мурињо признава дека бил мрзелив како фудбалер и дека сите ги нервирал, додавајќи дека бил тип на фудбалер кого веднаш би му дозволил да си замине од клубот со бесплатен трансфер.

Менаџерот на Тотенхем играше како фудбалер од средниот ред, и одговараше на коментарите кои ги даде Балтемар Брито, негов соиграч од Рио Аве од 1980 до 1982 година. Брито, кој исто така беше дел од  тренерскиот тим на Мурињо во Униао де Леирија, Порто и Челси, вели дека сите се нервирале со Мурињо поради неговото постојано жалење.

Сега, пред мечот со Барнли во сабота, Мурињо се согласува со својот поранешен соиграч.

„Јас како фудбалер? Вистина, апсолутна вистина е тоа што го кажува Балтемар. Што би правел со таков фудбалер? Не би бил во тимот, тоа е лесно. Би го понудил на други клубови, земете го! Земете го бесплатно!“, вели Мурињо.

Брито, пак, објаснува дека митот дека Мурињо бил неквалитетен фудбалер е само мит.

„Тој беше фудбалер од средниот ред кој одеше во нападот, обично зад напаѓачот. Имаше квалитет, но мислам дека недостасуваше мотивација бидејќи веќе беше среден во животот на некој начин – неговата мајка беше учителка, неговиот татко тренер. Имавме впечаток дека фудбалот за него е хоби, додека за другите е професија. Уживаше да игра, но беше мрзелив, не работеше напорно како сите, посебно физички. Сакаше лагоден живот, да ја има топката во нозете, но не да оди во војн а за неа. Мислам дека дојде во клубот да убие време додека не се реши да оди на факултет“, вели Брито.

Scroll to Top