Жозе Мурињо вели дека и покрај тоа што Рома е клуб со „ограничени“ економски можности, може да оствари големи цели, откако минатата сезона им ја донесе првата европска титула со триумфот во првото издание на Конференциската лига по 1:0 победата над Феенорд.
Во летниот преоден рок, „волчицата“ успеа да се засили со големи имиња како Пауло Дибала, Жоржињо Вајналдум, Немања Матиќ и Андреа Белоти и очекувањата во италијанската престолнина се големи.
„Лани го направивме тоа што никој не го очекуваше, оваа година ќе се обидеме да бидеме уште подобри. Ние го немаме истиот економски потенцијал како нашите ривали. На пазарот на играчи потрошивме 7 милиони евра, но имаме квалитет, луѓе кои сакаат да работат како тим, страст за победи, па ќе видиме на крајот на сезоната. Поминав дваесет и две години во фудбалот и не мислам да сопрам. Ништо не е сменето, освен бојата на мојата коса“, вели Мурињо.