Top Sport

„Мурињо сакаше да изгледам како будала“

Пол Погба бил најсреќен од сите во Манчестер Јунајтед, кога клубот пред два дена објави дека го отпуштиле тренерот Жозе Мурињо.

Британските медиуми се занимаваат со отказот што го доби португалскиот тренер, па така „Сан“, објави дека на тајното гласање, само Ромелу Лукаку и Немања Матиќ, го дале гласот за Мурињо. За разлика од нив, Погба, чии расправии со Мурињо, го полнеа печатот на Островот, бил „жив среќен“.

„Сакаше од мене да направи будала, сакаше против мене да ги сврти навивачите…Но тој се за……е со погрешен човек“, наводно викал во соблекувалната, Погба.

Еуфоријата спласнала кога во соблекувалната влегол помошникот тренер Мајкл Керик. Тој на сите им рекол дека ниту еден играч не може да биде поголем од клубот и дека секој што мисли поинаку ќе биде ставен на трансфер листата.

„Сан“ објави дека последната караница помеѓу овие двајца била кога Мурињо побарал од Погба на теренот да се однесува како Френк Лампард. Погба со иронија му одговорил на тренерот: „Дали Лампард го има освоено Светскиот куп, јас тоа го направив со Франција“.

Scroll to Top