Top Sport

Мурињо: Само лаги и глупости околу Погба

Жозе Мурињо неодамна вети дека ќе биде посмирен на прес-конференциите и на клупата на Манчестер јунајтед, но не можеше долго да издржи по шпекулациите за првата ѕвезда на тимот, Пол Погба.

Откако тој го повлече Погба од игра при 1:0 поразот од Њукасл, британските медиуми тврдеа дека постои конфликт на Французинот со Мурињо и дека тој веќе размислува за трансфер во Шпанија. Мурињо не штедеше зборови да го критикува човекот кој го чинеше Јунајтед 100 милиони евра, но вели дека медиумите се „занимаваат“ со „лаги и ср.ња“.

„Пол е свесен дека не игра на потребното ниво во последно време, но јас не ги откривам деталите за разговорите со моите играчи. Велите дека се шпекулира дека немаме добар однос, но тоа не е шпекулација, туку обична лага. Голема лага е дека не комуницираме, дека не се согласуваме за неговата улога во тимот. Ќе ја решиме ситуацијата во клубот, но повеќето работи кои сте ги прочитале за него и мене најверојатно се ср.ње и лаги“, изјави налутениот Португалец.

Мурињо го губи трпението со Погба

Scroll to Top