Top Sport

Мурињо: Санчез донесе зрелост во Јунајтед

Жозе Мурињо беше презадоволен од дебито на нивното ново засилување Алексис Санчез, посочувајќи дека Чилеанецот донел „зрелост“ во тимот на Манчестер јунајтед и ќе биде „прекрасно“ засилување на тимот.

Јунајтед стигнаа до 4:0 победа над Јеовил во 4. коло од ФА купот со головите на Рашфорд, Ерера, Лингард и Лукаку, а Санчез одигра 71 минута од мечот, учествувајќи во акциите за головите на Рашфорд и Ерера. Мурињо посебно беше импресиониран од втората асистенција до Ерера.

„Сите сме среќни што тој е со нас, бидејќи добрите играчи сакаат добри играчи, а Алексис е фантастичен играч за нас. Сите прашуваат, кој сега нема да игра, каде ќе игра Алексис, но за мене тоа не е главното прашање. Имаме фантастичен напад и тој е додатокот со малку повеќе зрелост од другите. Потегот за вториот гол покажа зрелост за која Маркус на пример уште е млад и нервозен. Јас бев целосно задоволен“, вели Мурињо.

Санчез дебитираше, Керик се врати за победа на Јунајтед (видео)

Scroll to Top