Top Sport

Мурињо се „правдаше“ за прекршувањето на правилата со хуманитарна помош

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, кој неодамна мораше да се правда по прекршувањето на правилата за социјално дистанцирање на тренинг со неговите фудбалери, во обид да го поправи имиџот на клубот, носеше храна на локалното население во северен Лондон.

Мурињо помагаше на неделната распределба на храна произведена во „Киченс гарден“ во нивниот тренинг-центар, која обично се користи за потребите на фудбалерите и на клубот, а сега се носи на стадионот на Тотенхем, од каде се распределува на најпогодените во квартот Харингеј во Лондон.

Scroll to Top