Жозе Мурињо имал состанок со потпретседателот на Манчестер јунајтед, Ед Вудвард во кој главна тема била „камерната“ атмосфера на нивниот стадион „Олд Трафорд“.
Шефот на „Ѓаволите“ подолго време е критичар на навивачите на Јунајтед, нарекувајќи го стадионот со 80 илјади седишта „тивок“ по 2:0 победата над Хадерсфилд овој месец. Според „ЕСПН“, Вудвард побарал состанок со Мурињо и ги послушал неговите предлози.
55-годишниот Португалец, кој неодамна го продолжи договорот до 2020 година, побарал детална историја на проблемата со атмосферата на стадионот и дал неколку предлози, како директни разговори со клубовите на навивачи.
И покрај ова, тој е задоволен од гостувачките фанови на Јунајтед и оценува дека главниот проблем се домашните проблеми.
По победата над Хадерсфилд, Мурињо не ги штедеше навивачите.
„Мислам дека во првото полувреме играчите можеа да играат подобро, но и фановите исто така. Играчите мораат да бидат подобри, но фановите мора да се погласни. Публиката беше многу тивка, иако стадионот беше полн“, изјави Мурињо.