Жозе Мурињо, рекол дека подеднакви шанси имаат Ливерпул и Тотенхем во борбата за титулата во Лигата на шампионите.
„Два тима од иста држава играат финале, тоа е нешто што баш и ми се допаѓа. Притисокот сега е поголем и мислам дека Ливерпул го сакаа Ајакс во финалето, а Тотенхем Барселона. Во финалето се можни сите сценарија“, рекол Мурињо за „РТ“.
Англиските тимови сензационално изборија пласман во финалето. Ливерпул ја надоместија негативата од три гола по првиот меч додека Тотенхем во последната секунда го елиминираа Ајакс.
„Никој не го познава Ливерпул подобро од менаџер што работи во Премиер лигата, а исто така никој не го познава Тотенхем од менаџер што работи во Премиер лигата…Едни за други знаат буквални се. Двата тима имаат одлична шанса. Двата тима во финалето влегуваат со ставот дека се непобедливи, бидејќи невозможното го претворија во возможно. Ментално се неверојатно јаки“, рекол Мурињо.
Португалецот дополнил дека ќе го следи финалето на „Ванда Метрополитано“ и дека ќе ужива во натпреварот.