Жозе Мурињо вели дека Манчестер јунајтед се „многу, многу позитивни“ дека Сер Алекс Фергусон ќе се опорави од мозочниот удар кој го доби во саботата.
76-годишниот легендарен тренер на Јунајтед останува во болницата во Салфорд по операцијата во саботата, но Мурињо вели дека сите веруваат дека големиот борец ќе се „извлече“.
„Сите сме сигурни дека Сер Алекс ќе биде подобро. Сите сме многу, многу позитивни. Дали неговата состојба ќе влијае на нашата игра во четврток против Вест Хем. Само на позитивен начин“, изјави Мурињо.