Top Sport

Мурињо: Смешна е одлуката на Арсенал да го вработат Артета

Жозе Мурињо ги критикувал челниците на Арсенал поради нивната одлука да го ангажираа Микел Артета на менаџерската позиција.

Португалецот е противник на трендот работа да добиваат тренер без искуство, додека се игнорираат оние што имаа големо искуство.

Артета му беше помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер сити од 2017 година.

„Единствено што можеме да направиме е да се насмееме на овој потег на Арсенал. Зошто? Според нив најдобри менаџери се оние што имаат најмалку порази, во минатото тоа беа менаџери со најмногу победи. Само така можам да го протолкувам овој потег. Погледнет го Карло Анчелоти. Човекот има три трофеи во Лигата на шампионите, победувал и освојувал трофеи во Италија, Франција и Англија, но има и околу 200 порази. Јас имам помеѓу 150 и 180, Карло е малку повозрасен од мене. Сега испаѓа дека најдобрите менаџери се оние со нула порази“, рекол Мурињо.

Scroll to Top