Top Sport

Мурињо: Судијата и ВАР го расипаа римското дерби

Жозе Мурињо, нормално, не беше задоволен по поразот на неговата Рома со 3:2 во римското дерби против Лацио, оценувајќи дека и покрај тоа што италијанскиот фудбал е напреднат, судијата и ВАР системот го уништиле големиот меч.

Додека ривалскиот тренер, Маурицио Сари по крајот на мечот отиде да слави со орелот, маскотата на Лацио, Мурињо ги повика своите играчи на теренот и им оддржа говор.

„Тоа што го кажавме останува само за нас. Сакав веднаш да зборувам со нив, без интимноста во соблекувалните. Прво да кажам нешто позитивно – италијанскиот фудбал е многу напреднат од пред 10 години. Квалитетот на напаѓачкиот фудбал, желбата за победа е далеку повисока. Но, за жал, фантастичниот натпревар беше уништен од судијата и од ВАР, кои не беа на високо ниво. Вториот гол можеше да биде за 1:1 а не за 2:0, вториот жолт картон на Лукас Леива не дојде кога требаше да го смени мечот. Мојот тим беше подобар на теренот, доминиравме, им создадовме многу проблеми, но судијата им дозволи да прават што сакаат“, вели Мурињо.

Лацио го доби огненото римско дерби – Педро славеше пред Мурињо!

 

Scroll to Top