Top Sport

Мурињо: Тие со мозок, знаат што се случува во Јунајтед

Жозе Мурињо верува дека „луѓето со мозок“ можат лесно да сфатат дека проблемите на Манчестер јунајтед во последно време се последица на „транзицијата“ во која се наоѓа клубот.

Иако Јунајтед немаат победа само на четири од последните 15 натпревари во сите натпреварувања, перформансите се далеку од очекувањата, а најмногу боли поразот во Лигата на шампиони од Севилја од 2:1 на „Олд Трафорд“.

Мурињо беше еден од најкритикуваните поради тактиката на Јунајтед и одговори со монолог од 12 минути пред ФА куп дуелот со Брајтон (кој го добија со 2:0). Голем дел од таа прес-конференција беше фокусирана кон навивачите на Јунајтед и нивните очекувања, а сега тој додава дека „секој со мозок“ ќе сфати што се случува со клубот.

„Ја сфаќам фрустрацијата, ја сфаќам тагата од елиминацијата од Лигата на шампионите, но не сфаќам ништо друго. Во историјата на фудбалот низ целиот свет, не само во Англија, ги имате најголемите клубови во период на транзиција, со моменти на постојан успех и со одредени фази.  Во моментов во Премиер лигата има еден клуб кој е подобро подготвен од нас за да биде прв и 18 клуба зад нас. Секако, сакам да има 19 клубови зад нас, но реалноста, за луѓето со мозок, со основно разбирање, со познавање на спортот, е дека сме во период на транзиција“, вели Мурињо во интервју за „Си-ен-ен“.

Фото: ЕПА

Мурињо „откачи“ – 12 минути ги бранеше своите резултати (видео)

Scroll to Top