Top Sport

Мурињо: Титулата од 2018 оди кај Манчестер јунајтед, или не?

Жозе Мурињо, за разлика од Јирген Клоп, кој со шокирање реагираше на казната која ја доби Манчестер сити, вели дека се фокусира само на Тотенхем, но сепак, потсети дека ако веќе има ретроактивно одземање на титулите на „граѓаните“, таа во 2018 треба да заврши кај Манчестер јунајтед, тимот каде што тој беше менаџер.

По објавата на УЕФА дека Сити е суспендиран на две години од ЛШ, сега и петтото место во Премиер лигата води во елитното европско натпреварување, со што се дава поголема шанса на Тотенхем.

Мурињо, кој заврши втор на табелата со Манчестер јунајтед пред две години, со дури 19 поени зад Сити, на шега посочи дека неговиот поранешен тим треба да добие трофеј.

„Искрено, не потрошив ниту една минута анализирајќи ја УЕФА, тоа е нивна работа. Ако зборувам за таа ситуација, тогаш морам да прашам, тој тим што заврши втор во 2018 година, ќе биде шампион? Да или не? Шега на страна, мислам дека како и досега сите ќе се борат за место во ЛШ. Вулфс, Шефилд јунајтед, Манчестер јунајтед, Арсенал, Евертон… Сите!“, вели Мурињо.

Премиер лигата може да му ја одземе титулата на Сити од 2014!

Scroll to Top