Жозе Мурињо не се возддржа и дискретно ги нападна Манчестер сити, инсистирајќи дека Тотенхем не би можеле да го обезбедат потписот на Лионел Меси бидејќи тие го почитуваат финансискиот ферплеј (ФФП) на УЕФА.
33-годишниот Меси формално побара трансфер на „Ноу Камп“ по крајот на сезоната 2019/20, обидувајќи се да ја активира клаузулата да замине без отштета, но на крајот тоа не му успеа, а се верува дека Манчестер сити биле неговата единствена опција поради финансиската моќ на клубот.
„Дали би го сакал Меси? Во мојот ’Топ елевен’ избор сигурно, во Тотенхем, не. Зошто? Бидејќи ги почитуваме финансиските правила во Тотенхем. Тој може да оди само во тим кој не го почитува финансискиот ферплеј, така што тоа сигурно не е Тотенхем“, вели Мурињо.