Top Sport

Мурињо: Треба да добијам награда за најдобро однесување

Жозе Мурињо смета дека тој е менаџерот со најдобро однесување во Премиер лигата, и дека за тоа заслужува трофеј.

Менаџерот на Манчестер јунајтед, кој беше нарекуван „непријател на фудбалот“ додека беше на чело на Челси, вели дека „Посебниот“ сега станал „Совршениот“ кога се зборува за почитувањето на судиите.

„Целосно сум посветен оваа година да ја добијам наградата за тренер кој најдобро се однесува на клупата. Сериозен сум. Има многу награди – најдобар играч на неделата, менаџер на месецот, ова-она… Сега треба да дадат награда на човекот кој најдобро се однесува покрај клупата и за тоа треба да гласаат четвртите судии. Сигурен сум дека јас би победил.  Не направив ниту еден проблем оваа сезона, освен црвениот картон во Саутемптон, кога го добив за тоа што излегов на теренот. За ова беше потребна голема подготовка. И јас ги губам нервите, не сум совршен, но правам напор“, вели Мурињо.

Scroll to Top