Тотенхем мора да донесат напаѓач во јануарскиот преоден рок. на ваков чекор ги натера повредата на најдобриот играч Хари Кејн. Кејн се повреди минатата недела на натпреварот со Саутемптон. Според прогнозите Кејн нема да игра наредните два и пол месеци.
Повредата на Кејн му ги расипа плановите на Жозе Мурињо што ги имаше за преодниот рок. Негов приоритет е напаѓач, бидејќи самиот кажа дека Сон и Лукас Моура не се класични „деветки“.
Медиумите поврзуваат неколку имиња со Тотенхем, а наводно прва желба на Мурињо бил играчот на Фулам, Александар Митровиќ.
„Митровиќ е висок, „голем“ и ефикасен напаѓач. Токму тоа им треба на Тотенхем“, пишуваат англиските медиуми.
Србинот сезонава игра одлично за Фулам, со 18 гола тој е прв стрелец во Чемпионшип дивизијата.
За неговите услуги Тотенхем покажувале интерес и кога менаџер бил Маурисио Покетино.