Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, открил дека нема да им пречи на Лук Шо и Хенрик Мхитаријан, доколку тие сакаат да го напуштат клубот.
Мурињо воопшто нема доверба во Шо, кој од почетокот на сезоната има одиграно само седум минути во Премиер лигата, додека Мхитаријан иако одлично ја започна сезоната целосно ја загуби довербата на Португалецот.
Мхитаријан на последните пет натпревари не беше ниту меѓу резервите на Манчестер јунајтед.
„Доколку пристигнат адекватни понуди тие ќе заминат. Секој играч има цена. Доколку некој не е среќен кај нас и доколку побара да замине, а ние добиеме понуда, секако дека нема да го спречиме да ги оствари намерите. Минатата сезона тоа се случи со Депај и Шнајделрин“, рекол Мурињо.