Top Sport

Мурињо во Неапол му се поклони на Марадона

Рома, вечерва, ќе гостува на стадионот „Диего Марадона“ во Неапол, во рамките на 33.коло во Серија А. Екипата од Рим вчера пристигна во Неапол. Натпреварот вечерва ќе започне во 19 часот.

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, во текот на вчерашниот ден, положил цвеќе пред муралот на Диего Марадона.

„Се познававме, бевме пријатели. Секогаш ми се јавуваше кога ќе доживеев некој тежок пораз. Никогаш не ми се јавуваше за некоја голема победа. Ќе ми недостига“, изјави Мурињо пред 18 месеци кога почина легендарниот фудбалер.

Марадона во периодот од 1984 до 1991 година го носеше дресот на Наполи. На Наполитанците им донесе две титули во Серија А и по еден во Купот на Италија и Купот на УЕФА.

 

Scroll to Top