Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо вели дека бил подготвен да ги прекрши правилата за социјално дистанцирање само да го гушне менаџерот на Евертон, Карло Анчелоти кога ќе се сретнат во понеделничкиот меч од Премиер лигата.
Мурињо никогаш не криел дека екстремно го почитува Анчелоти како тренер и личност.
„Сите во фудбалот му се восхитуваат на Карло како тренер и личност. Ако не го знаете каква личност е, барем го знаете како тренер. Мене ми се допаѓа толку многу како личност, а како тренер е еден од најдобрите во последните две децении. Огромна привилегија за Премиер лигата е што е повторно тука, и навивачите на Евертон го знаат тоа. Се работи за таква личност што мислам дека ќе го прекршам правилото на дистанцирање на еден метар и ќе го гушнам“, вели Мурињо.
Неговите Тотенхем имаат само една победа во последните девет меча во сите натпреварувања откако во четвртокот загубија со 3:1 од Шефилд јунајтед и сега се на 12 поени од топ 4 пласман на шест меча до крајот на сезоната.
„Верувам дека можеме, но исто така е можно да не се случи и тоа не е крај на светот. Ако не успееме, тогаш најверојатно е нов почеток за нас, бидејќи работите се менуваат“, вели Мурињо.