Top Sport

Мурињо за асистентот на Сари: Не сакам да му го знам името

Менаџерот на фудбалерите на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, по нерешениот резултат во дербито против Челси (2:2), рекол дека неговиот тим заслужил повеќе од реми. Португалскиот тренер го коментирал и инцидентот во финишот на мечот, кога тргна физички да се пресмета со еден од помошниците на Маурицио Сари.

Мурињо падна на провокацијата на помошникот, кога сите на стадионот во Лондон му се радуваа на голот за израмнување во 96.минута, кој го постигна Рос Баркли.

„Тоа не беше моја реакција, туку на асистентот на Сари. Беше многу непристоен, но Сари ја смири целата ситуација. Двајцата се извинија и јас тоа го прифатив. За мене таа приказна е готова. Немојте да го правите она што сите го прават и немојте да велите: ‘Мурињо е тој што ги прави тие работи’. Не му го знам ниту името и не сакам ниту да му го знам. Се е во ред“, рекол Мурињо.

Инаку, дербито во Лондон започна со голот на Ридигер за Челси, потоа со два гола Марсијал направи пресврт, а конечните 2:2 ги постави Баркли.

Scroll to Top