Top Sport

Мурињо за Ибрахимовиќ: Тажно е кога големите играчи се пред својот крај

Жозе Мурињо му оддаде почит на Златан Ибрахимовиќ пред неговата промоција како нов играч на Лос Анџелес галакси, велејќи дека е „тажен“ кога ќе види како најдобрите фудбалери доаѓаат пред крајот на своајта кариера.

Јунајтед го „ослободија“ Ибрахимовиќ од договорот минатиот четврток по 20 месеци во клубот, откако лани беше најдобар стрелец на „Олд Трафорд“ со 28 гола во 46 настапи, пред да се повреди во четврт-финалето на Лигата на Европа против Андерлехт. Иако го продолжи договорот на уште една сезона, оваа година тој одигра само седум меча за Јунајтед.

„За мене, секогаш е тажно кога големите играчи се доближуваат до крајот. Се сеќавам, на пример, на последниот меч на Луис Фиго, како на еден од најтаѓните моменти. Кога големите имиња влегуваат во последната фаза на кариерата мора да е емотивно. Златан беше голем фудбалер кој сега Европа го загуби засекогаш, бидејќи нема да се врати на тоа ниво во САД. Но, за него ова фантастичен начин да замине. Добро е и за американскиот фудбал што имаат човек како Златан. Тој може да ги научи многу со својата личност, со својата страст за фудбалот и со професионализмот. Тој е пример за професионалец“, вели Мурињо.

Scroll to Top