Top Sport

Мурињо за „телефонскиот повик“ ќе биде суспендиран на три натпревари

Жозе Мурињо се соочува со суспензија поради црвениот картон што го доби во 91.минута на натпреварот со Верона (2:2).

Темпераментниот Портгалец, во финишот на натпреварот со еден гест успеа да го испровоцира главниот судија Лука Паирето. Мурињо гестикулираше телефонски повика.

Според италијанските медиуми тој на судијата му порачал: „Намерно те испратија. Јувентус те пушти да судиш овде“.

Лука Паирето е син на поранешниот судија Пјерлуиџи, кој беше исфрлен од фудбалот поради местење натпревари во 2006 година. Тој е еден од оние кои добија драконски казни за аферата „Калчополи“.

Братот на Лука, Алберто осум години е вработен во Јувентус.

Според медиумите Мурињо ќе добие суспензија од три натпревари.

Scroll to Top