Top Sport

Мурињо „забега“, го цитираше Хегел!  

Жозе Мурињо самиот се прогласи за „еден од најголемите фудбалски менаџери на светот“, а го цитираше и германскиот филозоф Георг Вилхелм Фридрих Хегел по критиките кои ги доби по двата порази на Манчестер јунајтед на почетокот на новата сезона од Премиер лигата.

„Ѓаволите“ загубија со 3:0 од Тотенхем на „Олд Трафорд“, откако претходно беа поразени од Брајтон со 3:2, по што се зголеми притисокот на Португалецот, а шпекулациите велеа дека клубот веќе бара замена во Зинедин Зидан или Маурисио Почетино.

„Јас сум менаџер на еден од најголемите клубови на светот, но во исто време јас сум и еден од најголемите менаџери на светот“, изјави Мурињо.

Откако повторно беше запрашан дали ќе размислува така ако не успее да освои титула со Јунајтед, тој реши да го цитира Хегел.

„Секако дека ќе мислам. Дали сте го читале Хегел? Тој на пример вели дека вистината е во целото, секогаш во целото. Дали го прашавте тоа менаџерот кој заврши трет или четврт во Премиер лигата? Имав голем успех минатата година, но тоа не сакате да го признаете. Јас ги анализирам моите перформанси, за мене во прв план и тоа е поважно од тоа што вие мислите. Пред две години ја освоивме Лига Европа, а лани кога Атлетико Мадрид ја освоија титулата сите велеа дека тие имаат фантастична сезона. Јас сум единствениот менаџер кој победил во Италија, Шпанија и Англија и имам осум титули“, вели Мурињо.

Scroll to Top