Top Sport

Мурињо: заслуживме победа, Клоп: не ни досудија пенал!

Жозе Мурињо вели дека му е мака да ги слуша критичарите на Манчестер јунајтед и не му е грижа дали некој смета дека неговиот клуб ја заслужил 2:1 победата над Ливерпул.

Маркус Рашфорд со два гола ја обезбеди победата по која Јунајтед се одвои на пет поени пред Ливерпул и ја засили втората позиција на табелата. Мурињо, кој честопати оваа сезона беше критикуван поради неговата дефанзивна ориентација, тврди дека неговиот тим бил постојано под контрола и дека ја заслужува победата.

„Можеме да ги поделиме полувремињата – Јунајтед во првото полувреме, а Ливерпул во второто, но според мое мислење, нашето полувреме беше со голови и опасност. Во второто полувреме, а можеби тие во студиото имаат поинакво мислење, Ливерпул ја контролираше топката, но ние ја контролиравме играта без топка. Постојано бевме во контрола. Против Ливерпул ако играш лошо и ја имаш топката имаш проблеми. Тие не поставија во дефанзивна позиција, но контролата беше наша. Не ми е грижа ако некој мисли дека не ја заслуживме победата. Уморни сме, имаме меч во вторник, така што не можам да се грижам за тоа што велат луѓето. Момците се среќни, јас сум среќен“, вели Мурињо, кој нема време за одмор бидејќи следува реваншот во осминафиналето на ЛШ против Севилја откако првиот меч во Шпанија заврши 0:0.

Од другата страна, Јирген Клоп тврди дека Ливерпул не добиле „чист пенал“  при стартот на Маруан Фелаини над Садио Мане.

„Тоа беше чист пенал и во таква ситуација ни беше потребна вистинска одлука. Но, натпреварот го загубивме поради одбраната. Не можеме постојано да ги губиме дуелите во воздух против Ромелу Лукаку. Двата гола ни ја отежнаа работата. Тешко е да се вратиш против Јунајтед“, објаснува Клоп.

Фото: ЕПА

Рашфорд ги „реши“ Ливерпул (видео)

Scroll to Top