Top Sport

Мурињо ги одбил саудиските милиони, сака да остане во Рим

Жозе Мурињо одбил богата понуда од актуелниот шампион во саудиската Про лига, Ал-Ахли за да остане на „Олимпико“ со Рома, јавуват италијанските медиуми.

Мурињо во средата наутро бил во Лондон на состанок со Махмуд Ал-Хатиб, како и менаџерот Мет Одонохи, кој е претставник на Вест хем и на напаѓачот Џанлука Скамака, кој се поврзува со трансфер кај „волчицата“. Според „Скај спорт Италија“, и покрај богатата понуда од Саудијците, Мурињо јасно ставил на знаење дека сака дао тане во Рома.

Мурињо е на чело на Рома од 2021 година и во првата сезона ја освои титулата од Конференциската лига Европа, за оваа година да загуби во финалето на Лига Европа од Севилја.

Scroll to Top