Top Sport

Мурињо не го сфаќа финансискиот ферплеј: Не сум среќен од преодниот рок

Жозе Мурињо вели дека не сфаќа зошто неговата Рома е толку „ограничена“ со финансискиот ферплеј кога има клубови кои трошат многу пари како да се во „друг универзум“.

На стартот на новата сезона Мурињо ќе биде без повредените Теми Абрахам и Мараш Кумбула, додека суспендирани се Пауло Дибала и Лоренцо Пелегрини. „Волчицата“ ова лето ги донесе Леандро Паредес, Ренато Санчес, Еван Н’Дика, Хусем уар и Расмус Кристенсен за вкупен трошок од 3.5 милиони евра, а претходно до 30 јуни мораа да продадат играчи во вредност од 30 милиони евра.

„Сите знаат дека ни фали напаѓач, но нема поента да плачам тука. Многу работи беа направени ова лето. Не беше лесно да се обезбедат 30 милиони евра под притисок. Имаме одредени легални и економски ограничувања и тоа беше тешко. Не можам да кажам дека сум среќен, н ќе останам позитивен. Некои бројки навистина не ги разбирам, посебно во споредба со други европси клубови, кои како да се во некој друг универзум. Не е моја работа да го разбирам тоа, и ќе работам со играчите кои ги имам. Морам да го почитувам тоа“, вели Мурињо.

Scroll to Top