Top Sport

Мурињо тврди дека ја одбил најлудата понуда во историјата на фудбалот

Жозе Мурињо вели дека ова лето ја одбил најголемата понуда што ја добил еден тренер во историјата на фудбалот.

Менаџерот на Рома не ја започна добро сезоната и со „волчицата“ освои пет бода од шест кола и сега е под притисок.

Жозе вели дека ќе остане во Рим до крајот на сезоната, освен ако Ден Фридкин не му врачи отказ.

„Во текот на летото ја имав најголемата, најлудата понуда која тренер ја имал во историјата на фудбалот и ја одбив бидејќи им дадов збор на моите играчи, Фридкин и навивачите. Три месеци подоцна, изгледа дека јас сум проблем, но нема да прифатам. Не читам весници, ниту гледам телевизија, но другарите ми велат дека тоа е она што го велат. Не сум јас проблемот. Има многу фактори. Дури и да речеме дека еден човек е одговорен за победите. Дадов збор и ќе го почитувам до 30 јуни 2024 година. Јас сум тука да се борам секој ден за играчите, сопствениците, навивачите Има само еден човек кој може да ми каже дека е готово пред 30-ти јуни, а тоа е г-дин Фридкин. Ако не ми каже, тука сум до 30-ти јуни.“ .

“Кога повеќе не чувствувате љубов, мора да кажете доста е. Понекогаш сте уморни дури и ако нема проблеми во врската. Има тренери во клубови како Манчестер Сити кои можат да платат 100 милиони за играч без да трепнат “, заклучи Жозе.

Мурињо е во Рома од 2021 година и со овој клуб ја освои Конференциската лига.

Scroll to Top