Top Sport

Муса: Не е тешко да се дадат голови на Аргентина

Ахмед Муса беше херој на Нигерија во 2:0 победата над Исланд со која африканската нација ги задржа шансите за пласман во осминафиналето, но за тоа е потребно да се победи Аргентина.

Муса, фудбалерот на англискиот премиерлигаш Лестер, вели дека предизвикот е голем, но дека е „навикнат“ да дава голови против Аргентина, откако ги постигна двата гола при 3:2 поразот од „албиселесте“ на минатото СП во Бразил во 2014.

„Знаеме дека мечот е клучен, и дека мора да се победи. Но, постигнувањето голови против Аргентина не е толку тешко за мене“, вели Муса.

Фото: ЕПА

Scroll to Top