Top Sport

Н’Голо Канте најдобар Французин во 2017 година

Влијантелниот „Франс фудбал“ го прогласи играчот на Челси, Н’Голо Канте, за најдобар француски фудбалер во 2017 година.

Канте во изминатите две години ја освои Премиер лигата најпрвин со Лестер, а потоа и со Челси, каде беше еден од клучните фудбалери поради што „Франс фудбал“ му ја додели наградата за играч на годината.

Играчот од средниот ред во „трката“ по ова престижно признание ги победи Антоан Гризман (Атлетико Мадрид), Пол Погба (Манчестер јунајтед) и Килијан Мбапе (Монако/ПСЖ).

Право на глас во изборот за фудбалер на годината имаат сите поранешни добитници на наградата на „Франс фудбал“ и главниот уредник на весникот. Секој може да избере по пет фудбалер, а победник е оној кој ќе собере најмногу гласови.

Scroll to Top