Златан Ибрахимовиќ минатиот месец наполни 40 години, но е повикан за настап во шведската репрезентација на квалификациските мечеви за СП 2022 против Грузија и Шпанија, а италијанските медиуми тврдат дека бара и нов договор од Милан.
Според „Кориере дело спорт“, Ибрахимовиќ со изјавата дека Милан не мора да биде неговиот последен клуб, посочил амбиција да настапи на Светското првенство во Катар во 2022 година. Тој Мундијал ќе се оддржи во ноември и декември 2022, што значи дека ќе му треба уште една година од договорот со Милан за да биде подготвен за турнирот.
Ибрахимовиќ беше повикан за настап на ЕУРО 2020 со Шведска, но го пропушти поради повреда на коленото. Претходно тој пет години беше во репрезентативна пензија.