Бен Годфри е последното засилување во предниот рок Евертон. Клубот го потврди трансферот на фудбалерот на Норич. Евертон на Норич ќе им плати 20.000.000 фунти.
22 годишниот Годфри минатата сезона го привлече вниманието на неколку врвни клубови од Премиер лигата, а беше јасно дека ќе го напушти Норич откако клубот испадна од елитната дивизија на англискиот фудбал.
Тркатат за неговиот потпис ја доби Карло Анчелоти. Годфри со Евртон потпишал договор до јуни 2025 година.
Годфри е петтото засилување за Евертон во овој преоден рок. „Карамелите“ имаат перфектен старт на сезоната, во првите четири кола забележаа исто толку победи и се наоѓаат на челната позиција во Премиер лигата.