Top Sport

На англиските стадиони најмногу се навива против Ливерпул

Ливерпул го имаат приматот на „најомразен“ клуб во Премиер лигата, вели неофицијалната студија на веб-сајтот за навивачки песни „Фанчантс“ (FanChants), откако заклучија дека од архивата од 26.000 песни во Англија, најмногу се пеат против тимот на Јирген Клоп.

Ливерпул се први на оваа табела во ПЛ, со 50 противнички песни за нив, а ниту нивните противници во финалето на Лигата на шампионите, Тотенхем не се полоши со 42 песни против нив.

Шампионите Манчестер сити тука се трети со 39 песни, додека Манчестер јунајтед на оваа табела успеа да обезбеди топ 4 пласман (за разлика од Премиер лигата) со 34 непријателски песни.

Сепак, Лидс јунајтед, клубот од Чемпионшип е рекордер по бројот на „противнички“ песни, со дури 117 песни против клубот од „Еланд роуд“.

Scroll to Top